Кендис Свонпул е една од најплатените манекенки во светот, а има и зошто. Многумина се согласуваат дека таа го има најубавото тело и задник во светот на модата.
Но, за тело како на Кендис мора да се потрудите.
– Јогата е мојата основа. Таа ме доведува до рамнотежа. Не ви вреди ништо ако не сте внатрешно избалансирани. Многу време посветувам на вежбање. Освен јога, редовно трчам, пливам и секако одам во теретана. За почеток, може да почнете со пилатес – ги советува Кендис девојките и жените.
Таа открива дека сè што ќе изеде во текот на денот ѝ е однапред внимателно смислено:
– Не јадам јаглени хидрати. Појадувам протеински шејкови. Месото никогаш не го комбинирам со компири и ориз, туку само со варен зеленчук и салати.