Една од најголемите холивудски дами, оскаровката Софија Лорен (81) изгледа како од рекламите.
Во тоа се уверени водечките луѓе на познатата модна куќа Долче и Габана, кои на убавата Софија и дадоа улога во новата реклама за овој италијански бренд.
https://www.youtube.com/watch?v=ZYoYoWC1o9w
Долче и Габана сакаат да нагласат дека се безвременски и никогаш не излегуваат од мода, а никој тоа не може подобро да го претстави од една од најголемите холивудски ѕвезди на 50-тите. Актерката, која снимала со великаните на филмот Кери Грант, Клерк Гебл и Марчело Мастројани, се уште зрачи.
– Вакво нешто се уште може да се случи. На некој начин, јас сум севременска и многу ми се допаѓа што се уште можам да работам. Сето тоа ми е интересно, изјави Лорен за италијанскиот весник „Кориер дела Сера“.
Режијата за новиот спот ја потпишува италијанскиот режисер Џузепе Торнаторе, кој го режираше и Кино Парадисо, музиката за спотот е на Енио Мориконе, познат и по филмот „Беше еднаш на Дивиот запад“.
Пред овој спот, познатата актерка се најде и во кампањата на Долче и Габана, Софија Лорен Бр.1 кармин за усни.