Оваа сликовница предизвика вистински хаос помеѓу родителите. Книгите за сексуална едукација можат да бидат од голема корист, но можат и многу да испровоцирааат токму како и оваа детска книга.
Под насловот “Како се прави бебе” (How A Baby Is Made) на пазарот во дамнешната 1975 година за прв пат се појави едукативна книга чии илустрации ги покажуваат родителите со целосно голо тело, јасно дефинирајќи го чинот на водење љубов и интимните односи, начинот на зачнување на бебето и неговото раѓање, на начин кој за многу родители не е во склад со детската возраст.
Писателот на книгата, данскиот психолог Пер Холм Кнудсен вели дека сексуалното воспитување е многу важно, но сепак според некои родители оваа книга е одлична само за уништување на детството, додека пак за други не е никаква пречка и не гледаат ништо лошо во тоа децата да научат за сексот уште од најмала возраст.
Погледнете го видеото и проценете сами, дали овие илустрации се сепак премногу за едно дете?