Категории

МОЖЕМЕ ЗАЕДНО ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ? МОЖЕМЕ БЕЈБИ И ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!

Среќна сум затоа што имам доживеано ваква приказна, тажна затоа што останала само приказна.

Утро e. Чекорите ти ги знам. Оние чекори кога си заминуваше и ме оставаше. Ми рече: Бог не сакаше да бидеме заедно.

Јас бев твојата мала, ти моето бејби. Бевме цвет и пеперутка, се храневме еден од друг.

Не сакавме мир, војна, злато, мирен сон, не сакавме да дишиме и да се будиме еден без друг.

Ме остави затоа што мислеше дека не си доволен за мене. А беше. Беше моето се. Ниедна моја солза не помогна да те запрам и задржам.

Поминуваше време, сите газеа по моето свенато срце, како можеа. Дојде зима, ладна и ледена, ледено стана се во мене.

Станав го зедов куферот, ја чекирав картата и седнав да ти ги напишам последните зборови од мене.

“Ако требаше нешто да украдам, да излажам, да избегам, можев се за тебе. Можеби и ако ме прелажеше, ќе те љубев и ќе молчев.

Не можам да ја поднесам веќе оваа празнина бејби, ние двајцата ја премолчуваме нашата болка, сонувам како ме љубиш, ако можиш да ми најдиш душа која не чувствува болка, ако можеше да ми најдиш солзи кои кога паѓаат на срцето не болат, ќе останев.

Ти простувам што ме остави, ама не можам повеќе да се преправам.

Твојата мала.”

Го ставив пликот во ташна повикав такси и го пуштив на неговата адреса. Наредниот ден. скршена од болка се качив во авион.

Седнав на седиштето сама, без никого. Авионот само што не беше полетал. Го свртив погледот низ прозорецот и останав нема на тоа што го видов.

Билборд недалеку од аеродромот, пишуваше: БЕЈБИ, ВРАТИ МИ СЕ, ТЕ САКАМ.

Станав и влегов во кабината на пилотот, викнав: Застанете го авионот, ве молам. Пилотот рече касно е.

Го фатив за крагњите од кошулата и со солзи во очите му реков: Никогаш не е касно за љубов, а мојата е таму надвор и ме чека.

Вие ќе го запрете овој проклет авион, затоа што јас не одам никаде без него. Се симнав од авионот, трчав по пистата, срцето ми лупаше во градите, ќе ми излезеше.

Влегов во чекалната и со последните сили викнав на цел глас: БЕЈБИ. И излезе тој мојот клошар и со солзи во очите ми рече: Каде ќе одеше ти без мене?

Му реков: На крај на светот. Ме праша: Можеме заедно до крајот на светот? Му одговорив: МОЖЕ БЕЈБИ И ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ.

Јасмина Петковска

Прегледи:
568
Објавено на:
22.02.2016