Категории

Годишна плата од 400.000 долари за работа која никој не ја сака

Доктор Алан Кени од Нов Зеланд нуди голема плата за супер работа во место кое секој би го посакал за живот. Сепак, никој не е заинтересиран.

Токороа е називот на местото во Нов Зеланд кое брои 13.600 жители и на кое итно му требаат нови доктори.

Годишната плата за работата како доктор во ова место изнесува околу 400.000 долари, а работата нуди слободни викенди, ослободување од ноќни смени, ниски цени за станарина, платен годишен одмор и сите други погодности.

Д-р Алан Кени води медицинска пракса која ја сочинуваат шест доктори и потребен им е нов доктор, бидејќи веќе има 61 година и наскоро ќе замине во пензија. Во последниве две години пробувале да регрутираат нови, млади доктори, но никој не е заинтересиран.

1602231185mn0

Д-р Кени е од Велика Британија и отишол таму пред 30 години во потрага по нова работа и го сака својот живот во Нов Зеланд, но признава дека причината за незаинтересираноста за оваа работа е оддалеченоста на големите градови и зафрленоста на ова градче.

Како и многу други земји и Нов Зеланд води маки за регрутирање на млади доктори за работа токму во руралните подрачја кои не им се привлечни на студентите по медицина.

16022311810mn

“Многу ми е тешко да пронајдам нови доктори кои се подготвени да ја превземат работата. Минатата година морав да го одложам годишниот одмор поради тоа, а и оваа година најверојатно ќе биде исто”, вели тој.

Тој раскажува дека дневно во просек има околу 40 пациенти, а работи од 8:30 до 18:00 без пауза за ручек.

“Ја сакам својата работа и сакам да останам тука, но станува навистина тешко”, заклучува тој.

16022311811xxl

Прегледи:
398
Објавено на:
25.02.2016