Категории

Типови на жени кои мажите ги избегнуваат

Се прашувате дали мажите исто како нас разговараат за тоа какви девојки сакаат, а од какви бегаат и притоа не мислиме на физичкиот изглед.

Ако отворите некое машко списание има големи шанси да наидете на таков текст во кој мажите меѓусебно се советуваат какви жени треба да избегнуваат.

Еве го крајниот резултат…

# Жени кои се прават премногу паметни…секој маж сака покрај себе да има дама која знае да го изрази своето мислење, која може да ги импресионира неговите пријатели со нејзината интелигенција и познавање.
Но, никој не сака луѓе кои се прават премногу паметни и кои со тоа ги потценуваат другите. Запомнете има разлика помеѓу да се биде паметна и да се правите паметна.

# Спонзоруши…повеќето мажи уживаат кога на своите избранички им купуваат подароци, ги носат на вечери, одмори и слично и сето тоа е во ред додека се сигурни дека дамата што е со нив ужива пред се во нивното друштво, а не само во нивниот паричник.

# Жени кои се секогаш во право…неспорно е дека имате многу квалитети, но понекогаш морате да го прифатите и мислењето на другите, бидејќи ќе станете неподнослива.
Никој не сака неговата партнерка да е секогаш најпаметна, да знае најмногу и која никогаш не е расположена за совети од другите.

# Психо…жената која се дефинира како “психо“ е онаа која ќе го поремети целсниот ритам на неговиот живот. Ќе се појавува и кога не ја очекува партнерот и која има потреба да се слуша по телефон многу повеќе од што тој сака.

Ако ја замоли да престане така да се однесува, таа ќе стане опсесивна и зависна и се ќе негира. Најлошо од се е што таа замерките ќе ги доживее како знак дека треба уште повеќе да се труди да ја здобие љубовта на својот партнер.

Прегледи:
912
Објавено на:
03.03.2016