Славниот актер Силвестер Сталоне упати мотивациона порака до своите фанови кои се разочарани од фактот дека тој не добил Оскар.
Сталоне беше номиниран за најдобра споредна улога во својот филм “Creed”, но Оскарот сепак отиде во рацете на Марк Рајланс за улогата во филмот “Bridge of Spies”.
Поттикнат од коментарите на разочараните фанови, 69. годишниот актер на својот Инстаграм профил напиша:
“Порака за сите Рокиевци во светот – ве молам да се држите до своите соништа и никогаш да не се откажувате! Ви благодарам на поддршката”.
Инаку “Creed” е седмиот филм од серијалот за Роки Балбоа, жанровски спортска драма чиј сценарист и режисер е Рајан Куглер, додека Силвестер Сталоне ја има улогата на продуцент, како и улога во филмот.
Сталоне го отвори својот Инстаграм профил пред неполни месец дена и со своите фанови често споделува фотографии од своето семејство и разни видео записи.