Најверојатно безброј пати имате слушнато, а и сами сте се увериле, дека да се биде родител истовремено е најубава и најтешка задача. Меѓутоа, со помош на овие трикови кои ги споделиле некои мајки и татковци, ќе ви биде многу полесно…
За да цело време бидете родител кој ќе биде на висина на секоја задача, навистина треба да поседувате супер моќ.
Од таа причина, малку помош никогаш не е одмет, а кој вас може повеќе да ви помогне од некој кој и сам се справува со истите “проблеми”?
На социјалната мреже Фејсбук отворена е страна, под името “Muddled Up Mummy”, на која родителите споделуваат трикови и cake, со чија помош на многу луѓе им ја олеснуваат оваа убава, но тешка задача.
“Некои од овие трикови на вам ќе ви заштедат време, ќе ве спасат во непосакувани ситуации и ќе ви го олеснат животот. Потрудете се да ги споделите со сите родители кои ги познавате”, стои во описот на оваа страница.
Ние ви претставуваме само некои од креативните родителски идеи.
1.Децата и не се баш економични, па така една ролна хартија може да исчезне само со едно користење на тоалетот. За да го спречите тоа, на ѕидот залепете линија која ќе означува до каде хартијата ќе може да се влече.
2. Навистина ви е доста од трчањето по детето и безуспешното спречување да црта по ѕидот? Ништо полесно! Снабдете се со голема картонска кутија, ставете ги фломастерите внатре во неа и забавата може да започне.
3. Пиењето на лекови е навистина сериозна работа, а лековите секако мора да се земаат на време и не смеат да се прескокнуваат. За да бидете сигурни дека на своето дете сто му ја дале дневната доза, на амбалажата од лекот залепете мини распоред.
4. За да ги отстраните дамките од облеката на вашето дете испробајте комбинација од детергент за миење садеви, хидроген пероксид и сода бикарбона.
5. Децата не разликуваат лево и десно, па за да знаат дали ја облекле вистинската обувка на правата нога, внатре во обувките залепете им налепници во боја.
6. Општо познато е дека децата не се некои њубители на здрава исхрана, а доколку некогаш сакате да ги убедите да пробаат здрав шејк, доволно ќе биде само на врвот да посипете шерени бомбони.
7. Губењето на детето е кошмар за секој родител, меѓутоа и тоа се случува. За да не препуштите се на случајност, кога ќе стигнете на некое место каде има голема гужва и каде постои можност од губење, веднаш фотографирајте ги децата, за доколку дојде до таква ситуација, да имате слика да покажете што децата носат на себе.
8. Колку само пари имате потрошено на играчки кои порават балони од сапуница? Иако не се скапи, кога ќе изброите колку сте купиле, а колку траеле ќе сфатите дека залудно сте фрлиле многу пари. За да го спречите постојаното истурање на детергентот еве ви едно генијално решение.
9. На автомобилот залепете стикери со отисоци од дланки, како децата би знаеле каде треба да стојат додека вас ве чекаат да го отклучите автомобилот или додека земате нешто од него.
10. Дамки од трева се појава со која родителите често се среќаваат. За да ги отстраните, пробајте најпрво на дамката да ставите малку вотка.