Португалскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го претстави својот парфем “Legacy” на аеродромот во Мадрид.
Роналдо е успешен во фудбалот, но и во уште неколку различни сфери. Тој во четвртокот го престави својот прв парфем, со што влезе уште подлабоко во светот на машката мода.
Португалецот за време на претставувањето го објасни процесот на производство, а потоа зборуваше малку и за фудбалот. Ја прокоментира и минатонеделната изјава во која рече дека Реал Мадрид би бил прв на табелата доколку сите играчи од кралскиот клуб би биле на негово ниво.
“Во последните десет години мојата форма е горе-долу иста”, изјави одличниот фудбалер.