Категории

Од пивски стомак, до тело на бодибилдер

Себастијан Дејвид (28) од Барнли бил познат во друштвото како оној со најголем стомак, бидејќи внесувал 5.000 калории дневно во вид на тестенини и месо пржено во длабоко масло.

Но, тогаш во рок од седум месеци од 90 килограми стигнал до 70, сега наместо да испие пакет лименки пиво, сега има “извајани” стомачни мускули.

Себастијан почнал да јаде многу кога неговиот татко смртно се разболел во 2013 година, но после смртта на татко му во март 2014 година, одлучил дека мора да почне да се грижи за себе си за да и помогне на мајка си околу семејниот бизнис.

Почнал да вежба три пати неделно и ја заменил брзата храна со контролирана високо-протеинска.

2

Во рок од седум месеци, тој ги споделувал фотографиите на социјалните мрежи од својот напредок и покрај многубројните позитивни коментари, добил понуда и да се занимава со моделинг.

“Мајка ми е многу горда на мене и е среќна што се мрднав од местото кое не беше добро за мене. Неа не и е важно дали сум дебел, слаб или нешто трето, само да сум среќен. Кога почнав со овој начин на живот, не го правев тоа за да бидам модел или билдер, туку за да го одржам своето тело во форма и се чувствував подобро”, рече Себастијан.

3

Оваа трансформација секако му ја зголемила и самодовербата, а покажа како и во тешките моменти човек може да се посвети на подобри работи и да гледа позитивно на животот.

4

5

6

7

8

9

10

Прегледи:
534
Објавено на:
07.03.2016