Без разлика дали е облечена или на себе нема ниту едно парче облека, Ким Кардашијан за момент станува ѕвезда на денот.
После „интернет соблекувањето“, следува појавување во јавност во претесна гардероба. Тоа што е во црно, овој пат не помогнало да остане незабележана.
Фотографиите од Ким Кардашијан „во црно“ настанале вчера во Калифорнија. Ако некој се сомневаше дека ријалити ѕвездата ќе престане да ги промовира своите раскошни атрибути, сега може да се ослободи од таквите сомнежи.
Ким сè што има – го покажува.
На сандалите кои ги дизајнирал Том Форд, на нејзината фризура и накитот нема што да им се замери. Но, облеката била големо промашување…