Категории

НАВИКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИМАТЕ ПРЕД 30-ТАТА

Понекогаш листите насловени „20 работи кои мора…“ се тотално безмислени и збунувачки. Ама затоа се забавни за читање!

Светот се менува, а годините се само бројка. Никој не треба да ви кажува што треба а што не треба да правите, или пак со која брзина. Сепак, има некои навики кои е добро да ги имате, без разлика дали имате 29, 30 или 44 години. Проверете дали се сложувате со следниве:

Перење на садовите истиот ден

… или ставање на садовите во машината за садови истиот ден, или рачно перење, пак истиот ден кога сте ги извалкале. Да, звучи како нешто што е сосема логично и нешто што отсекогаш го знаете. Но, дали го правите тоа? И самите знаете дека е полесно и поефикасно, па ако досега ја немате оваа навика поработете на тоа. Нема да ви одземе многу време од животот ако редовно го правите тоа, за разлика од нередот кој може да настане.

Посетувајте ги родителите редовно

Ако сте се иселиле од дома, тогаш веројатно ви е супер. Сепак тоа не значи дека треба да ги заборавите. Јавувајте им се редовно и одете да ги видите барем еднаш во неделата. Ако имате баба и дедо, тоа важи и за нив, да бидеме реални, кој знае дали ќе бидат на светов уште долго, па сигурно не сакате потоа да жалите што не сте им посветиле повеќе време.

Читајте ги вестите наутро

Сите вести од светот се на вашиот телефон. Тоа буквално значи дека светот ви е на дланка. Дури и ако не ви е грижа за вестите (а зошто не би ви било?!) добро е да бидете информирани, ако ништо повеќе ќе имате нешто паметно да зборувате кога сте во друштво.

Јадете појадок!

Сите знаат дека појадокот е „најважен оброк во денот“, но многу малку го применуваат ова правило. Мрзеливи сте, не сте гладни или не се грижите доволно за себе? Тоа се ужасни изговори за кои ќе зажалите.

Правете си појадок барем секој втор ден, наместо да купувате

Да, ѓеврек и јогурт се супер евтина и брза опција (бурек не баш!), но зошто не одвоите време да си направите здрав појадок по ваш вкус. Не треба многу, чаша+јогурт+мусли=појадок! Лесно е. Долгорочно многу повеќе ќе ви се исплати здравствено, а веројатно и финансиски.

1 2

Прегледи:
657
Објавено на:
12.03.2016