Категории

6 начини како домот да ви мириса прекрасно

Еве како секогаш кога ќе влезете во вашиот дом да ве пречека убава миризба.

Има само нешто во врска со посебен мирис – не сме секогаш целосно свесни дека е таму, но кога ќе влеземе во просторија во која има одреден мирис, веднаш ќе ве потсети на времето и местото . (Се сеќавате на карактеристичниот мирис од куќата на вашата баба? ). Погледнете ги овие трикови како до поубаво миризлив дом.

мириса

  1. Нека врие вода на шпоретот

Зовријте вода во мал сад и додадете цитрус парчиња и билки како лаванда или нане.   Топлината го шири слаткиот мирис низ целата куќа.

  1. Исфрлете го ѓубрето

Забележувате лоша миризба? Проверете го мијалникот. Прво посипете сјај со мирис на лимон, a потоа пуштете вода.  Ако мирисот се чувствува сѐуште, во  половина чаша ставете сода бикарбона и истурете ја во мијалникот додека тече топлата вода.

  1. Свеќите поставете ги стратегиски

Свеќите се очигледен начин за внесување на убав мирис во домот, но доколку вешто се поставени, нивната ефикасност се зголемува.  Поставете ги онаму каде што вообичаено не би ги поставиле – но не ги палете!  Пробајте во гардероберот или било каде, кај што чувате текстил кој го апсорбира нивниот мирис.

  1. Внесете ја природата во вашиот простор

Домашните растенија го прочистуваат воздухот додека истовремено и го разубавуваат вашиот простор.   Исто така, многу од нив се миризливи – како на пример гераниум, арапскиот јасмин, еукалиптус, орхидеја или  кубанско оригано.

  1. Вентилација

Закачете мирис за автомобили  на металните ребра на вентилацијата.  Како што циркулира воздухот, мирисот ќе се шири низ собата.

  1. Вклучете ја рерната

Ништо не мириса поубаво од свежо печени слатки.  Нешто едноставно како банана колач или ролат со цимет даваат прекрасна миризба.

Оваа статија е преземена од Interior.mk -магазин кој се фокусира на трендови од областа на дизајнот, животниот стил и инспирација за уредување на Вашиот дом.

Прегледи:
734
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
12.03.2016