Професорот по математика од Италија, Пјетро Босели (28) стана славен ширум светот благодарение на своите студенти кои ги споделуваа неговите фотографии на социјалните мрежи.
Босели е прогласен и за најсексапилен професор, а сега е заштитно лице на линијата на Армани “EA7”. Покрај тоа што е исклучително убав и згоден, овој маж е и исклучително интелигентен. Тој е инжениер по механика, а дипломирал на Универзитетот во Лондон.
“Отсекогаш сонував да станам модел, но избрав академски пат. Од друга страна се срамев и мислев дека академската заедница ќе ме отфрли поради таа работа”, вели Босели.
Тој тренира два пати неделно и е на строга диета за да остане во форма. За Армани работел и кога имал само седум години, како и за некои други компании. И сега, после 22 години повторно е ангажиран.
На Инстаграм има 900.000 следбеници, а многумина го споредуваат со Дејвид Бекам. Тој стана познат ширум светот кога неговите студенти го пријавија за натпреварот “Најсексапилен учител” без негово знаење. Во пријавата испратиле фотографија која самите скришум ја направиле додека им предавал.
Израснал во Италија каде работел на многу реклами. Себе си се нарекувал бубалица затоа што учел премногу, а поради книгите одлучил да се откаже од манекенството. Работи на UCL (University College of London) и е луд по фитнесот.
Парите од манекенството планира да ги штеди за да отвори сопствена компанија во Лондон.