Џејмс Мејерс, човекот од Конкорд, Северна Каролина вчера беше упасен поради тоа што не ја вратил VHS касетата од филмот Freddy Got Fingered која ја изнајмил во 2002-ра година.
Да, полицијата во Конкорд, издала налог за негово апсење, а кривичното дело е невраќање на предмет кој припаѓал на видеотеката во овој град. Самата видеотека не постои повеќе, но во 2002-ра година бил семеен бизнис. Џејмс бил уапсен додека ја носел ќерка си во школо. Бил сопрен од полицаец, и по 25 минути од проверка на неговото досие и возачка дозвола замолен е да излезе од автомобилот, по што бил уапсен и одведен во полициска станица.
Кога дознал што е проблемот, мислел дека станува збор за шега или за „скриена камера“. Но, вистината била дека апсењето било поради прекршокот од 2002-ра година.