Категории

Сите ја употребуваме кратенката „ОК“, еве како настанала

Познатата кратенка „ОК“ прв пат во јавноста се појавила во 1839 година и тоа во американскиот весник „Бостон Морнинг Пост“, а денес е универзално разбирлив знак за согласување со нешто.

Постојат и многу теории за тоа што се крие зад значењето на оваа кратенка. Денес е општоприфатлива претпоставка дека тоа е фонетска кратенка од изразот all correct (се е во ред).

Имено, во тоа време во американското новинарство биле вообичаени такви искривени фонетски кратенки, на пример OW за all right, и NS за enough said, па така и за „ол корект“ настанала кратенката ОК.

Голема популарност кратенката доживеала две години покасно на претседателските избори, кога иницијалите О.К. биле користени за кандидатот Мартин Ван Бурен, О.К. била кратенка за Оld Kinderhook затоа што Ван Бурен бил од истоимениот град во државата Њујорк.

Така кратенката набргу се раширила низ САД, а потоа и низ целиот свет.

Прегледи:
466
Објавено на:
26.03.2016