Во продолжение ви издвојуваме 10 модни класики кои секоја тренди девојка задолжително мора да ги изгледа. Ако отсекогаш сте се прашувале од каде се појавил трендот на „малиот црн фустан“ и големите мачкести очила, тогаш сте изгубиле доволно време размислувајќи, и сигурно сте го прескокнале „Појадок кај Тифани“ од вашата листа на филмови за гледање.. Следните 10 филмови ќе ве научат на многу модни правила а и ќе ви послужат како ултимативна модна инспирација.
1. Breakfast at Tiffany’s
Легендарната Одри Хепберн како Холи Голајтли. За овој филм немаме што да кажеме, доволен е фактот што со децении е на врвот на листите на најгледани филмови.
Прекрасниот елегантен и софистициран стил на Холи е она за кое и ден денес се зборува.
2. Clueless
Алиша Силвестрон како младата разгалена Шер Хоровиц, нејзиниот стил изобилува со дизајнерски шик парчиња и луксузни аксесоари.. Типичен стил на згодните незаменливи калифорниски трендсетерки.
3. Scarface
Ако не сте ја виделе Мишел Фајфер како Елвира Хенкок тогаш сте пропуштиле многу.
Нејзините заводливи деколтирани тоалети, краткиот боб, шапките и мачкестите очила се она за кое што Холивуд сеуште зборува.
4. The Devil wears Prada
Филм посветен на модната индустрија во кој Мерил Стрип ќе ве освои на прв поглед како успешна деловна жена. Типична приказна на млада новинарка која сонува за успешна кариера, наидува на светот каде се воспеваат брендовите и дизајнерски парчиња кои ќе ве остават без здив.
5. Sex and the City
Ако не сте знаеле дека Кери Бредшо и модата одат „рака под рака“ тогаш каде сте биле до сега?
Се се врти околу уште еден пар чевли, а не сте знаеле ли дека таа прво би ги потрошила парите на списанието Vogue отколку на вечера? Од телевизискиот бум кој го направи истоимената серија, филмот може без сомнение да се прогласи за еден од најдобрите во деценијата.
Незаборавниот невестински фустан на Кери дизајниран специјално од Вивиен Вествуд ќе биде нешто за кое долго долго ќе размислувате, овој филм е неизбежен од оваа листа.
6. Coco before Chanel
Уште една филмска класика но овој пат со единствената Одри Тоту овој пат како легендарната Коко Шанел.
Филм базиран на животот на Габриел Бонур пред да стане иконата Шанел.
Беспрекорно елегантни и софистицирани парчиња.овој филм ќе ви одржи лекција како светот на модата засекогаш доби револуционерна промена.
7. Annie Hall
Ликот кој го портретира Диан Китон е симбол за андрогиност кој и ден денес кул девојките ширум светот го следат и величаат.
8. Amelie
Уште еднаш неповторливата Одри Тоту ќе ви одржи добра лекција како парижанките се симбол за елеганција со векови. Филм кој несомнено вие дамите ќе го обожавате.
9. Roman Holiday
Кога е во прашање Одри Хепберн тогаш нема потреба од двоумење, уште една класика во која едноставно не ќе можете да се наситите на нејзината грациозност и префинетост.
10. Gentlemen prefer blondes
И оваа листа не би имала смисла доколку нема филм со најпознатата модна икона на сите времиња – Мерлин Монро. За вас го избравме „Џентлмените преферираат плавуши, филм во кој Мерлин ја изведува познатата песна „Diamonds are a girl’s best friend“ облечена во тесен розов фустан и гламурозен накит. Едноставно не смеете да го пропуштите.