Категории

Енрике Иглесијас, Давид Гета и Продиџи летово во Македонија

Шпанската музичка ѕвезда Енрике Иглесијас, францускиот и светски популарен диџеј Давид Гета и британската група Продиџи, која важи за еден од најдобрите и највозбудливи бендови во светската музичка индустрија, ова лето ќе одржат концерти во Македонија во организација на Авалон продукција.

Договорите се потпишани и, како што дознава МИА, наскоро концертите ќе бидат официјално објавени.

Покрај овие гостувања, Авалон веќе го најави концертот на Џон Њуман, на 21 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.