Денес светски познатиот бренд за долна облека кој е симбол за женственост и сензаулност некогаш го открил американец по име Рој Рејмонд кој бил студент на колеџот за постипломски студии за бизнис.
Бидејќи тогашните продавници за долна облека нуделе старомодни и конзервативни модели, тој имал потешкотии кога морал да купува за својата жена. Така тој со финансиска помош од неговите родители и банката во Стенфорд – Пало Алто го создал денес светски познатиот бренд Викторијас сикрет.
Моделите кои секоја година чекорат на пистата презентирајќи ги најгламурозните парчиња долна облека се едни од најплатените модели во светот.
Брендот е традиционално познат по приредувањето на нај спектакуларните модни шоуа во историјата на модата. Која е тајната на Викториа – никој не знае, но со сигурно постојат други тајни поради кои овој бренд е најпознатиот и најбараниот во светот, па неколку од нив ние успеавме да ги откриеме и секако да ги споделиме со вас.
Зошто баш името Victoria’s secret?
Името беше осмислено од самиот создавач на брендот – Рој Рејмонд кој бил инспириран од жените во Викторијанската ера а додека „тајната“ се однесува на телата на жените кои останувале скриени позади грациозната облека.
Во 1982 Лесли Векснер – магнат во индустријата на долна облека, ги купи ВС продавниците и каталозите за 1 милион долари. Тој видел голем потенцијал во овој бренд и посакал да го прошири бизнисот во Европа каде што жените биле доста заинтересирани. До 1995 година тој го проширил бизнисот енормно до 1,9 билиони, држејќи 670 продавници.
Денес Викториас сикрет сеуште е сопственост на Векснер, последната забележана потрошувачка во 2015 година изнесуваше 12,2 билиони долари а вкупниот број на вработени изнесува 88,000 работници.
Прикажување на шоуто
Модните ревии не беа прикажувани на екраните се до 1995 кога за прв пат беше екранизирано во хотелот Плаза во Њујорк. Стефани Сејмур и Вероника Веб беа главните водечки модели на шоуто.
Музиката во текот на шоуто
После екранизацијата, брендот стана познат по тоа што на секое шоу настапуваа познати изведувачи и групи, тоа стана вистинска сензација и престиж во текот на годините.. Како хајлајт на досегашните ревии настапиле Spice girls, Justin Timberlake, Rihanna, Justin Bieber, Taylor Swift, The Weeknd, Bruno Mars и многу многу други.
r
Најголемиот престиж на шоуто – Фантази градниците
Најголемиот престиж и предизвик во кариерата на секој модел е да го носи фантази градникот. Низ историјата тоа е традиционален градник изработен од драги камења и злато кој вреди неколку милиони.
Клаудија Шифер во 1996 го носеше првиот fantasy bra во историјата на ВС именуван како „Million Dollar Miracle“, вреден 1 милион долари.
Рушење на рекордот
Супермоделот Жизел Бундхен во 2000 година го сруши рекордот носејќи го најскапиот градник во историјата вреден неверојатни 15 милиони долари.
Во 2014 година, за прв пат на шоуто беа промовирани два фантази градници кои ги носеа ексклузивните водечки ангели – Адриана Лима и Алесандра Амбросио, секој од нив во вредност од 2 милиони долари.
Ѕвезда на „Булеварот на славните“
Брендот се здоби со своја ѕвезда на Булеварот на славните во 2007 година, на 25 годишниот јубилеј.
„Хонорарен ангел“
Настапувајќи два пати на шоуто, еднаш во 2013 и во 2014.. Тејлор Свифт се здоби со признание од моделите како „хонорарен ангел“.
Патот кон успехот
Да се биде дел од шоуто е сигурен билет за блескава и успешна кариера. Затоа секој млад модел сонува да стане дел од ова шоу, тоа веќе стана докажано откако моделите Жизел Бундхен, Миранда Кер и Адриана Лима првото искуство во светот на модата го добија од овој бренд чекорејќи на едно од нивните шоуа, години потоа тие се едни од најплатените и набараните модели во светот.
Најголемите крилја
Сите знаеме дека заштитен знак на ова шоу се дефинитивно крилјата. Супермоделот Хеиди Клум во 2003 настапи со најголемите крилја во историјата на шоуто високи 4 метри.
Најмладото лице
Во 2015 година на пистата зачекоти 19 годишната Тејлот Хил, која е најмладиот ангел во групата.
„Кралица Ангел“
Адриана Лима е моделот со најголем стаж во брендот. Таа ја носи титулата „ангел“ од 2000 година.
Повеќе од само долна облека
Денес шоуто кошта неверојатни 12 милиони долари за да биде одржано и покрај тоа што картите не се продаваат, благодарејќи на тв хостингот секоја година тоа е најгледаното шоу во годината.