Категории

Како женското тело делува на прегратката од саканиот

Писателот David Tumarinson, напиша прекрасна поетична проза со која ја воодушеви интернет заедницата.

Тој на неверојатен начин опиша што се случува кога маж ќе прегрне жена.

Неговите зборови ја покажуваат огромната моќ на прегратката и докажуваат дека мажите би требало почесто да ги гушкаат своите сакани.

“Кога мажот тивко ќе и пријде на жената и ќе ја прегрне, тој го затвора кругот. Својот и нејзиниот. Тоа е круг на нежност, топлина и заштита. Тој ја става жената точно во средината на тој страстен круг. На тој начин во тој момент мажот несвесно и дава на жената до знаење дека таа е центар на неговиот универзум.

Мажот ја гушка жената во тишина. Жената стои исто така во тишина. Ја чувствува топлата струја која поминува низ неговите топли и мирни раце.

Кога мажот ја прегрнува жената, таа чувства дека има крила со кои може да лета.

Тој круг на љубовта е мирен и удобен. Од таа тивка нежност таа се топи како коцка шеќер во шолја чај. Која е таа сега кога стои во срдината на тој круг кој тлее? Што чувствува? Која е таа во овој момент?

Дали е жена или девојка? Се чувствува сакана или таа сака? Ги покрива ли лесна прекривка од тишина нејзините рамена која ги крие нејзините мисли од мажот…или можеби ништо не е скриено во тој приватен круг?

Впрочем, тој само ја гушка, ја штити од надворешниот свет кој е толку ладен и осамен. А во неговите раце е топло и удобно. Овие раце се нејзина заштита и спокојство. Тоа е се што жената несвесно бара, што чека и на што се надева…“

Прегледи:
639
Објавено на:
04.04.2016