Категории

Неколку нешта кои тој сака да ги правите почесто

Иако тој не сака да ви признае, сепак еве неколку работи кои би сакал почесто да ги правите…

# Да му кажувате колку е супер (и подобар од другите)…зарем мислите дека само жените сакаат комплименти?

# Дозволете му да има време само за себе…тој го цени времето кое го поминува со вас, но и нему истото му е потребно, без разлика што тоа не вклучува топла купка и женски магазини . .

# Иницирајте секс…да мажите сакаат кога жените превземаат иницијатива.

# Бидете директни, но немојте да наредувате…мажите не сакаат да погодуваат што мислиме, па затоа кажете му јасно и гласно, но тоа не треба да звучи како наредба.

# Ставете го телефонот во ташна…иако мажите зборуваат помалку од нас и тие имаат потреба да се пожалат.
Но верувајте нема да го направат тоа додека вие гледате што има ново на Facebook.

# Заблагодарете му се…затоа што ве сака, затоа што ви е поддршка, затоа што е добар и внимателен…

# Дозволете му да ви помогне…иако веруваме дека можеме се сами, не е баш така.
Едноставно тој извршува некои работи подобро од нас па затоа дозволете му да ви помогне, бидејќи тој тоа го сака.

Прегледи:
294
Објавено на:
12.04.2016