Категории

Кој ден според астрологијата е добар да започнете нешто ново

На секој ден од неделата му припаѓа по една планета. Дознајте кој ден е најдобар за да започнете нова работа, а кој е најдобар за да се впуштите во нова љубовна авантура.

Понеделник

На англиски јазик Monday е ден во кој владее Месечината, што до некаде ги објаснува сите променливи расположенија на почетокот на секоја недела.

Сепак понеделникот е добар за сите големи потфати како планирање на големи работи, уредување на домот или купопродажба на недвижности.

Вторник

Ден во кој владее Марс, па треба да бидеме активни, да тренираме, да донесуваме поголеми одлуки, но да избегнуваме кавга и конфликтни ситуации.

Без разлика на тоа кој знак сте, би требало енергијата која ја чувствувате во вторник да ја трошите на позитивни работи, а да ја избегнувате деструктивноста.

Вторник не е добар ден да влезете во брак или врска поради можноста од чести проблеми и конфликти.

Среда

Среда е ден на Меркур, ден на комуникации, учење, патување.

Молби, понуди за работа, CV-ја и слични документи испраќајте во среда.

Контактирајте ги сите кои можат да ви дадат совет, бидејќи тој ден мудро ќе бидете советувани. Разговарајте со децата и младите личности особено ако имате проблем со нив.

Одете кај советник во врска со било кој проблем што го имате бидејќи среда е ден за решавање на проблеми. Закажете важни состаноци и рекламирајте ги своите производи.

1 2

Прегледи:
696
Објавено на:
24.04.2016