Категории

4,3 милиони долари за лична заштита на Марк Закерберг

Во официјалниот годишен извештај на Фејсбук за минатата година, објавено е дека таа компанија потрошила 4,3 милиони долари за лична заштита на нејзиниот основач Марк Закерберг.

Закерберг, кој зема симболична годишна плата од еден долар, исто така за употреба на приватниот авион потрошил околу 775.000 долари. Износот на пари које потрошен за сигурноста на Закерберг спаѓа меѓу најголемите износи на пари, кога станува збор за социјалните мрежи и индустријата на технологиите.

Претходно овој месец Твитер објави дека за сигурноста на извршниот директор Џек Дорси, во 2015 година потрошиле дури 68.500 долари.

Минатата година компанијата “Equilar” објави податоци за тоа колку одредени компании издвојувале пари за да ги заштитат своите директори и сопственици. Па така, во 2013 година Амазон потрошил 1,6 милиони долари за сигурноста на својот извршен директор Џеф Безос. Од друга страна, компанијата Оракл потрошила 1,5 милиони долари за сигурноста на извршниот директор Лери Елисон.

Сепак, во просек компаниите издвојувале околу 30.000 долари за сигурноста на своите сопственици.

Како оправдување од компанијата Фејсбук истакнуваат дека износот на пари издвоен за сигурноста на Закерберг е сосема прифатлива сума, бидејќи станува збор за сигурноста на основачот и извршниот директор на компанијата, кој е светски влијателна личност. Парите главно се потрошени за обезбедување на живеалиштата на Марк Закерберг, сигурносните детали, како и употребата на приватен авион.

Прегледи:
399
Објавено на:
30.04.2016