Кире Лазаров и Барселона нема да ја бранат шампионската титула на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите во Келн!
За големата сензација се погрижи Кил. Барселона славеше само пирова победа од 33-30 во реваншот на домашен терен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но не успеа да ги анулира петте гола предност што ги носеше Кил од првиот меч на домашен терен (29-24).
По три години по ред, осумкратниот европски шампион сезонава прв пат нема да биде дел од завршницата во Лигата на шампионите. Кил имаше лошиот старт во сезоната, но одигра најдобро кога беше најпотребно.
Германскиот шампион и се реваншира на Барселона за елиминацијата во четвртфиналето од пред пет години и ќе се бори за третата шампионска титула на Ф4 турнирот во Келн.