Категории

Работи кои повеќе повредуваат од неверството

Повеќето рекле дека ништо не боли повеќе како неверството, но за жал постојат уште неколку работи кои нашиот партнер ги прави, а нас не болат дури и повеќе од еден обичен секс со друг. На почеток гледаме на нив како на ситници, а подоцна истите може да ни го скршат срцето.

Лажење и криење работи

Без разлика дали криете работи од партнерот за да ги заштитите неговите чувства, криењето работи од некој со кој сте во врска може да прерасне во голем проблем и да ја разниша вашата врска. Кога тогаш работите ќе излезат на виделина, па ставете се на местото на вашиот партнер и размислете дали убаво ќе се чувствувате.

Не покажување привлечност или љубов

Без разлика како сте се однесувале кон партнерот на почеток на врската, верувајте дека истиот ќе почувствува кога веќе не ја покажувате љубовта. Кога и да почувствувате потреба, искажете му чувства без разлика на кој начин, бидејќи секој ја покажува љубовта различно.

2

Недостаток на комуникација

Ова се однесува на работи кои се важни за вас, а истите ги премолчувате. Мора да разговарате со партнерот за важни работи, а никако не треба да ги премолчувате деталите, само затоа што мислите дека може да предизвикаат проблеми меѓу вас двајца.

Недостаток од меѓусебно разбирање

Доколку некој ви се допаѓа или имате чувства кон него, треба да покажете разбирање за неговите работи и потреби и обратно. Мора да најдете меѓусебно разбирање, со цел да имате похармонична врска.

Рамнодушност

Не може да бидете рамнодушни со некој што го сакате. Ако тоа се случи преиспитајте си ги вашите чувства или пак седнете и отворено разговарајте со партнерот и кажете му го проблемот.

3

Одржување на врска од навика

Сметате дека сте постигнале доволен комфор со партнерот и не ни ви се наоѓа нов, па навикнати сте на него. Но, ова е сосема погрешно размислување. Без оглед на тоа дали сте 5 месеци или 5 години заедно, секогаш треба да го одржувате тоа жарче на љубов и страст, бидејќи е многу важно за една врска. Ако сте со некого поради навика, веднаш откажете се од врската, затоа што веќе е осудена на пропаст.

Љубомора

Ова е најлошото нешто што може да се случи. Самиот сомнеж предизвикува нервози и караници во врската, затоа што не му верувате доволно на партнерот, а со тоа и не му ја давате потребната слобода.

Прегледи:
444
Објавено на:
02.05.2016