Категории

Најсилната Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio за италијанската полиција

Alfa Romeo ја претстави моќната Giulia Quadrifoglio која е наменета за италијанските карабињери. Властите во Италија се незамисливи без брзите патролни возила на Alfa Romeo, па беше само прашање на време кога ќе ја видиме новата Giulia во боите на италијанската полиција.

Автомобилот е опремен со 2,9 литарски твин-турбо бензински мотор со 510 коњски сили, а Quadrifoglio забрзува од 0-100 за 3,9 секунди, па вистински ја отежнува задачата за криминалците што сакаат да побегнат.

2

На испораката на првите два примероци од овој модел присуствуваа шефот на FIAT-Chryslera (FCA), Серџо Маркионе и претседателот на групацијата и наследник на фамилијата Ањели, Џеон Елкан. Возилата ќе бидат доделени на единиците во Рим и Милано, а зад воланот ќе седат само одредени припадници на карабињерите кои ќе поминат посебна обука со инструкторите на Alfa Romeo.

3

Првите две Alfa Giulia се само мал дел од контингентот од 800 патролни возила што групацијата FCA ќе ги испорача на италијанските полициски сили во текот на 2016 година. Покрај овие модели, во возниот парк на карабињерите ќе стигне и Jeep Renegade и Fiat Panda 4×4.

Прегледи:
537
Објавено на:
07.05.2016