Категории

Затегнете го цело тело само со 3 минути вежбање на ден

Со 3 минути вежбање на ден можете да ја намалите телесната тежина и да бидете супер фит за летната сезона.

Фитнес инструкторката Kayla Itsines, која се прослави на Instagram осмисли режим на вежбање кој е толку ефикасен што ви се потребни само три минути.

Овие вежби го поттикнуваат целото тело, а најмногу се фокусираат на задникот, стомакот и рацете.

1. “Пулсирачки“ чучнувања

Раширете ги нозете малку повеќе од ширината на рамената, а стопалата благо свртете ги кон надвор. Свиткајте ги колената и колковите колку што можете повеќе, така да ви бидат рамни со подот.

Малку испружете ги нозете и правете пулсирачки движења, додека не повторно не чучнете

2. Скок – склек

Свиткајте ги колената и колковите, а двете раце поставете ги на земјата, така да ви бидат веднаш пред нозете.

Од таа положба испружете ги нозете наназад потпирајќи се на ножните прсти. Рацете нека бидат испружени. Потоа соберете ги нозете во сквот и скокнете со испружени раце кон горе.

Вратете се во првобитната положба, и вежбата повторете ја колку пати повеќе можете, а да биде во склоп од три минути.

Погледнете го видеото за да ви биде појасно:

Прегледи:
323
Објавено на:
09.05.2016