Категории

2-годишно дете со аутизам се заљуби во Снежана (видео)

На едно патување во Дизниленд во ноември минатата година, Аманда Кол, мајка на две годишното детенце со аутизам Џејсон доживеала дотогаш нешто неверојатно – нејзиното невербално дете кое имало значителни потешкотии во воспоставувањето на контакт со лицата кои што не ги познава едноставно се заљубило во дизниевата принцеза Снежана.

snowwhite-641x489

“Тој не знаеше ниту еден од ликовите на Дизни се додека не пристигнавме во Дизниленд. Како што гледате, Џејсон, кој што го нарекуваме нагалено Џек Џек, има аутизам и не говори. Тој е многу срамежлив со луѓе кои што не ги познава. Тогаш ја запозна Снежана.

Сигурно исплакав повеќе од 1000 солзи гледајќи го моето момче како воспоставува контакт со неа. Тој се заљуби”- вели мама Аманда.

Дури и откако пристигнале дома, видеото кое го снимил таткото станало едно од омилените начини на смирување на малиот Џек Џек.

Гледајќи го повеќе од осумнаесетина пати во текот на денот, малото детенце се чувствува навистина спокојно и среќно.

Прегледи:
514
Објавено на:
11.05.2016