Иако имаше одличен настап, Калиопи како претставник на Македонија не успеа да влезе во финалето на 61. издание на „Евровизија“ што се одржува во Стокхолм, Шведска. Оваа втора полуфинална вечер настапија 18 земји, а Калиопи ја пееше песната „Дона“, компонирана од Ромео Грил.
Слушнете го евровизискиот настап…
Ова десетте земји кои продолжуваат понатаму:
- Летонија
- Грузија
- Бугарија
- Австралија
- Украина
- Србија
- Полска
- Израел
- Литванија
- Белгија
Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери.
Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“.