Категории

Каква градба на тело кај жените сакаат мажите?

Познато е дека секоја жена мисли за себе дека е дебела (чест на исклучоци), дури и кога и сите мажи и кажуваат дека е супер риба. Девојките денес се на тешки маки кога е нивниот изглед во прашање. Успешна дама денес мора да има совршени веѓи, витко тело, полни усни, тртлес газ без целулит и уште триста чуда… А кој тоа одредува стандарди????

Модната и фитнес идустријата имаат голема улога во одредување на стандардите за убавина, но она на што мораме да обрвнеме внимание е – што мажите ги пали. Една обична жена не сака да ги задоволи критериумите на модните критичари и фитнес судии, тука само сака да биде привлечна за мажите. Поради тој мотив таа сака да изгледа како девојките од насловните страни.

Најважното прашање сега е – дали мажите стварно се палат на такви девојки?

За вкусови не вреди да се распишуваме, но она што е можно е да утврдиме дали жените губат време и енергија обидувајќи се да изгледаат како познатите светски лепотици? Ако веќе сакате да привлекувате мажите, можеби е потребно да задоволите некој други критериуми. Постојат два главни идеали за женската градба, а тоа се – манекенска и атлетска градба. Обичната жена, која сака да постигне еден од овие два идеали на убавина, мора многу да пази на исхрана во првиот случај, а во другиот ќе мора и многу да вежба и најверојатно да користи разни препарати. За потребите на ова истражување издвоивме само три типа на жени – манекенки, фитнес инструкторки и обични жени.

Манекенки

Овие жени мораат да бидат високи и слаби, без изразени облини, односно да бидат складни. Ако земеме во обзир дека мажите пред сè палат на женски облини, тогаш нема многу смисла тоа што девојките се изгладнуваат за да постигнат манекенска градба. Можеби жените сепак повеќе сакаат да прошетаат на модната писта и да бидат светски познати него ли да ги привлекуваат мажите.

Фитнес инструкторки

Овие жени се со атлетска градба, а нивната главна одлика е тоа што се мускулести. Повеќето машки не сакаат претерано изразени мускули кај жените затоа што тоа им личи на машка градба на тело. Можеби со опседнатоста за вежбање сепак може да се објасни како некоја врста на зависност, но не и тоа дека сакаат да им бидат привлечни на спротивниот пол.

Обична жена

Тешко е да се одреди оваа категорија, но да кажеме дека тоа е жена која има облини и според официјалните стандарди на убавина имаат барем малце вишок на килограми. Веројатно е тоа дека самите жени имаат поголемо влијание на поствувањето пожелни критериуми на убавина на другите припаднички на понежниот пол.

Вистина е дека мажите за повеќето од нив не би рекле дека имаат вишок на килограми, иако тие (жените) во тоа се убедени.

Прегледи:
664
Објавено на:
14.05.2016