Категории

Сакате да поместите цел еден град и како да го направите тоа? Шведска ќе ви покаже!

Кируна, најсеверниот град во Шведска тоне. До 2050 година се очекува најголемиот дел од инфраструктурата да колабира од рудникот за железо кој се наоѓа под градот.

Заради тоа, инжињерите се зафатиле со креирање на план како да преселат цел еден град, односно да го поместат на исток.

Овој рудник е местото каде се вади најчистото железо и го држи 90% од пазарот за железо во Европската Унија, а градчето со 18.000 жители е создадено на почетокот од 20ти век заради рудникот. Сега заради сериозноста на состојбата, граѓаните ќе бидат преселени на исток каде нема опасност од колабирање на земјиштето.

Преселбата на градот вклучува дури и целосно пренесување на три историски градби, а останатиот дел од градбите ќе биде рециклиран и срушен, а граѓаните кои ќе се селат добиваат субвенции за нови домови.

Прегледи:
460
Објавено на:
17.05.2016