Категории

Долна облека што секоја жена мора да ја има во лето

Изборот на долна облека може да ја спаси или уништи целата модна комбинација.

1

Доаѓа летото, а со тоа и комбинациите со кратки, лелеави здолништа, припиени фустани и провидни материјали. Жештината исто така е фактор во изборот на гардероба, но и на соодветна долна облека. Овие модели на долна облека се задолжителни во фиоката на секоја модерна жена која сака да изгледа беспрекорно и да се чувствува удобно во сите прилики. За израмнување на стомакот и истакнување на половината изберете модел со висок струк од мазен материјал и секси елемент како чипка.

2

За да остане сè на свое место изберете боди со кое ќе го израмните целото тело и нема да се грижите дали нешто ќе се познава под летниот материјал.

3

Супер секси минималистички модел како танга во боја на кожата за супер секси фустани за кои треба речиси невидлива долна облека.

4

За припиени шарени долни парчиња изберете модел на танга од памук во соодветна боја.

5

За да избегнете потење изберете природни, прозрачни материјали во кои кожата може да дише.

6

Ако носите кратко лелеаво здолниште или фустан облечете модел во кој ќе бидете покриени во случај да дувне ветер, како овие боксерки.

7

Тенки и пријатни материјали во модели без рабови за самоувереност во припиена облека.

8

Изберете долна облека во боја на кожата за аутфит во бела боја или облека од провидни материјали.

9
Прочитај повеќе на: http://pixel.mk/zhivot/moda-i-ubavina/dolna-obleka-shto-sekoja-zhena-mora-da-ja-ima-vo-leto | Pixel.mk

Прегледи:
835
Објавено на:
19.05.2016