Категории

Руските изуми кои го променија светот

Русија како држава поседува одлични и креативни луѓе кои откриле или измислиле поголемиот дел од работите кои ги користиме секојдневно денес.

Синтетичка гума

Синтетичката гума се користи во медицината и во производсвото на автомобилски гуми. Синтетичката гума е дело на рускиот хемичар Сергеј Лебедев, кој ги направил првите примероци на синтетичка гума во 1910 година.

Видеорекордер

Во 950-те, рускиот имигрант Александар Понијатоф, кој тогаш бил само студент, основал компанија наречена „Ампекс“ во САД. Оваа компанија го променила светот бидејќи го произведувала првиот видеорекордер, кој бил лидер на пазарот повеќе од 50 години.

Комбајн

Русија била меѓу првите се занимава со земјоделие. Поради тоа, потребата од олеснување на тешката работа на полињата резултирала со креирање на комбајнот. Тој е дело Андреј Власенко а на почетокот, ова технолошко чудо било направено од дрво и го движеле три коњи. Но Власенко не се смета за татко на комбајнот бидејќи неколку децении подоцна, во еден американски весник излегла вест за сосема нов изум изграден во Калифорнија кој бил сличен на овој на Власенко.

Трансформатор

Трансформаторот е изум на двајца Руси – Павел Јаблочков и Иван Усагин а е создаден во 1870-те години. Меѓутоа, во 1882 година, трансформаторот бил патентиран од страна на француските иноватори Лусиен Голард и Џосаја Вилард Гибс.

Хеликоптер

Во 1910 година, Игор Сикорски го создал прототипот на првиот хеликоптер, а многу години подоцна го подобрил изумот. Но, по Руската револуција во 1917, тој морал да се пресели во САД, каде што основал компанија и во 1939 го дизајнирал првиот модерен хеликоптер. Овој дизајн е основа на секој друг хеликоптер во светот кој го знаеме денес.

Прегледи:
392
Објавено на:
23.05.2016