Категории

Култни патики што никогаш не излегуваат од мода

Патиките се едни од најносените обувки од луѓе на различни возрасти. Токму затоа речиси на дневна база се дизајнираат и пуштаат на пазарот нови модели, но само малку од нив стануваат култни и сè уште се купуваат и носат децении во иднина.

Converse Chuck Taylor All Star

Старките потекнуваат од далечната 1917 година. Некогаш беа најдобрата кошаркарска патика на пазарот, а последниве декади важат за секојдневни патики, носени буквално од секој и насекаде. Иако низ годините добиваа модификации и варијации, а неодамна беше претставена и втора верзија од иконските патики, сепак оригиналните црни високи „старки“ важат за класика меѓу патиките.

Adidas Originals Stan Smith

3

Овие култни патики се појавија на пазарот во 1971 година, а именувани се по тенисерот Стен Смит. Денеска сè уште може да се забележат на улиците, но и на црвените теписи и првите редови на модни ревии.

Nike Air Max 1

4

Оригиналниот модел на Nike Air Max се култни патики што беа и останаа инспирација за сите следни Air Max модели на компанијата. Иако „меурчето“ во ѓонот во 1987-та беше дочекано со чудење, со тек на времето беше прифатен и стана култен дел од Nike.

Vans Old Skool

5

Уште од нивното појавување во 1977 година, олдскул Vans патики се хит и како никогаш да не излегоа од центарот на вниманието. Основачот на компанија чкртајќи ја направил онаа странична „џез лента“, која одлично се вклопи во моделот што го замислил. Иако првенствено беше скејтерска патика, денеска може да се види речиси на секој.

Reebok Classic

Иако не остана на врвот константно, Reebok е заслужен за враќање на ретро моделите на пазарот. Иако имаат повеќе одлични ретро модели што денеска се носат, го издвојуваме класичниот модел на бела патика, со гумиран ѓон.

New Balance 574

7

Овој модел е еден од првите ретро модели што се вратија на големо на пазарот, пред 6-7 години. Ова се едни од најпопуларните патики во светот, а како најкултен модел го издвојуваме New Balance 574.

Adidas Superstar

8

И овие патики почнаа на кошаркарското игралиште, а најчесто се асоцираат со Run DMC кои ги носеа како дел од нивната „униформа“, а подоцна ова им донесе соработка и милионски договор со Adidas – прв од ваков тип во тоа време.

Nike Air Jordan I

9

Легендарните и први Nike Air Jordan беа направени во 1984 година за исто таквиот кошаркар, Мајкл Џордан. Црвено-црниот модел беше инспириран од боите на неговиот тогашен тим, Чикаго Булс. Оттогаш излегоа повеќе различни верзии и комбинации на бои кои го носат името на овој легендарен кошаркар.

Кој култен модел на патика ви е омилен?

Прегледи:
776
Објавено на:
02.06.2016