Кога наидовме на ова анонимно писмо на фејсбук , не можевме да не го споделиме со вас, а кое сигурно ќе ве замисли!
“Драги мамо и тато,
Ви благодарам што немав помпезен бал, со премногу скап накит и сјајна лимузина со шампањ и балони. Ви благодарам што немав испраќање со многу бројни роднини, како за свадба и за тоа дека немав закажано кај фризер и шминкер. Јас тоа не го сакав.
Ви благодариме всушност вистински за сè друго што имам. За вредностите кои се изградија кај мене за толку години, за љубовта и довербата што ми ја дадовте и за трпението, на кое ме научивте. Ви благодарам што секогаш бевте до мене кога ми требаше помош и што ме научиве да верувам во своите соништа, кои се уште ги имам.
Ви благодариме за најубавото детство што ми го подаривте и за безгрижните денови, во кои сфатив колку убав е животот. Иако денес немам ништо материјално, ја го поседувам сето духовно богатство на светот. И јас ви се заблагодарам за сите тие работи. А вие, драги матуранти, не се лутете на вашите родители бидејќи не сте ги добиле најскапите подароци кои сте ги побарале или затоа што фустанот не е оној за кој сте сонувале. Заблагодарете се затоа што имате родители кои ве сакаат …
… Затоа што моите беа со мене на матурска, но од небото. Ви благодарам, мамо и тато! “
– Анонимна девојка