Категории

Мало возило полно со луксуз – Фиат 600

Мало возило полно со луксуз – Фиат 600

Да, воглавно пишуваме за внатрешно уредување на домот, но кога ке серетнеме некој ваков магичен проект, тешко можеме да одолееме!

Водени од ентузијазмот можете да креирате вистински чуда. Тимот од пет луѓе лоцирани во близина на Струмица, успеваат секоја фантастична идеја да ја претворат во реалност. Зборуваме за тимот INTERIOR TUNING GARAGE. Со многубројните успешно завршени проекти навистина го привлекоа нашето внимание.

Тајната на успехот на INTERIOR TUNING GARAGE е спој на креативност, високо квалитетни материјали и се разбира, многу напорна работа. ?

Денес ќе ви го претставиме нивниот проект од некогашното национално возило Fiat 600, кај нас познато како Фиќо, мало возило полно со луксуз.

Кога ќе ги гледате сликите од Фиќото, обрнете внимание на сите детали како што се воланот и менувачот – комбинација од алуминиум и дрво, радио во ретро стил, оригиналниот знак на конзолната табла, рачно изработените торбички од галантериска кожа. Но, земете длабоко воздух за ова што следува. Подот е од Mercedes S500 2015-та година, внатрешноста на кровот е од Bentley GT Continental 2013-та година и автомобилска кожа која се користи во последните генерации на познатиот луксузен теренец Mercedes GL Class. Генијанло!

Целата галерија погледнете ја ТУКА.

Прегледи:
976
Категории:
Арт и дизајн
Објавено на:
05.06.2016