Еден од бесмислените митови со кои се плашат малите деца (покрај она “ќе ти порасне опашка од кафе”) е оној дека ако случајно голтнете гума за џвакање таа ќе остане во телото и ќе ви ги залепи цревата.
YouTube каналот “Reactions” го објаснува начинот на кој човечкото тело ја вари храната.
Бидејќи гумата за џвакање е направена од гумена база која се состои од полимер, ензимите на плунката не се во состојба да ја разградат како останатата храна, како масти, јаглехидрати и алкохол.
Од таа причина гумата за џвакање од нашето тело излегува во својот оригинален облик, во истиот оној во кој сме ја голтнале.