Категории

Начинот на кој го држите воланот открива каква личност сте!

Кој од следниве начини на држење на воланот е најблиску до вашиот?

Човек од акција

Вие сте зафатен човек кој нема време за пауза. Наместо да трошите време за анализа и потрага по решение за проблемот, многу брзо и од корен се справувате со него. Многумина ѝ се восхитуваат на вашата решителност и тие знаат дека може да ви веруваат.
Доследни сте на секоја цел и се стремите да ја постигнете што е можно побрзо!

Несигурен

Вие често чувствувате тежина. Мора да ја проверите секоја работа по три пати пред да сте сигурни дека сè е во ред. Тоа е поради вашата желба да избегнете ризични ситуации, затоа што сакате да правите работи кои се 100% сигурни.
Пријателите и семејството секогаш ќе се грижат за вас и ќе им помагаат своите квалитети да ги изнесете на виделина.

Мангуп

Секогаш во потрага за забава во секоја ситуација. Забавни сте и го живеете животот со полна пареа. Вие сте полни со креативност, така што имате предиспозиции да се занимавате со уметност. Луѓето навистина уживаат во ваше друштво.

Миротворец

Обично сте растргнати меѓу пријателите и семејството. Не сакате расправии и конфликти, затоа што тогаш се чувствувате многу непријатно. Не толерирате омраза кај никого!

Следбеник

Луѓето ве сакаат. Му се радувате на туѓиот успех, одличен слушател сте и сте идеални за оние кои бараат совети од пријател.
Бидејќи не можете секогаш да преземете водство во се, немате грижа на совест кога друг води некоја работа.

Шеф

Вие сте роден водач. Имате осет за контрола на ситуацијата на јасен и одлучен начин. Обично луѓето ве гледаат како голем советник, бидејќи сте многу самоуверени. На работа често добивате комплименти за вашата работа.
Во љубовта понекогаш имате проблеми со пронаоѓање некој кој се надоврзува на вашата лична природа, но кога ќе го најдете, сфаќате дека чекањето вредело!

Авантурист

Вам зборот „ризик“ ви е напишан на челото. Сакате да живеете на работ и ја користите секоја прилика за тоа.
Имате тенденција да сакате екстремни спортови како банџи скокање или падобранство. Кога е во прашање љубовта, вие не се плашите да ги ставите сите јајца во една торба. Вашиот менталитет „живеј го животот до максимум“ е причина за почитување и воодушевување од најблиските.

Минималист

Вие сакате да водите едноставен живот. Не сакате премногу работи околу вас, а повеќе им се посветувате на најблиските пријатели. Наместо постојано да стекнувате нови пријатели, вие се одлучувате да си останете во својот круг.
Тоа што не сакате компликации во животот, не значи дека сте досадни, туку дека сакате да се фокусирате на животот без многу непотребна драма.

Опуштен

Вие не го сфаќате животот премногу сериозно, туку на секоја ситуација и пристапувате поопуштено и мирно. Често оставате впечаток дека за ништо не ви е гајле. Дури и во најтешките моменти, сакате да изгледате рамнодушно.
Вие живеете живот како секогаш да сте на одмор, а семејството и пријателите секогаш ве бараат кога сакаат добра забава.

Перфекционист

Уште додека сте возеле авто-школа сте научиле дека воланот треба да се држи вака и не сте ја изгубиле навиката, затоа што сакате работите да ги правите на вистинскиот начин. Вие им обраќате многу внимание на деталите и на правилата на игра. Верувате дека не се исплати да правите некоја работа ако не ја правите на вистинскиот начин. Оваа ваша особина особено доаѓа до израз во работата, модата, љубовта и пријателството.

Прегледи:
461
Објавено на:
09.06.2016