Women’secret ветува незаборавно лето со колекцијата костими за капење за сезона 2016. Костимите кои следат различни, актуелни трендови се вистинска инспирација за уживање под сонцето.
- Бохо – седумдесетите се среќаваат со сегашноста. Колекција инспирирана од 70-тите, специфични принтови, реси, нитни и карнери. Одлични за девојките со боемски дух да ја истакнат својата женственост во најжешкиот период од годината.
- Природна софистицираност. Еднобојни парчиња украсени со метални апликации. Минимализам во комбинација со впечатливи дезени, луксузни материјали и повеќенаменски парчиња дизајнирани за софистицирани жени.
- Јамајка – изгубениот рај. Реинтерпретиран морнарски стил, костими со една прерамка и хитот за ова лето – плетени елементи во повеќе различни форми. Колекција која изобилува со интересни комбинации на дезени, како на пример риги со цветови и иновативни детали. Создадена за најмодрените девојки на плажата.
- Тропски патувања. Бразилска инспирација со тропски мотиви кои асоцираат на патувања во Сао Паоло или Рио де Женеиро. Неодоливи модели на костими за капење, храбри принтови и многу украсни детали.
- Африканска енергија. Океан, бранови, сурфање и релаксација. Африкански принтови во комбинација со солена вода….Колекција полна со инспирација од Африка и неочекувани комбинации: тиркизна и сина во контраст со црна боја, интересни текстури и модели со спортска нишка.