Категории

10 работи поради кои нема да може да ви одолее

Мажите ги привлекуваат таинствени дами кои не прифаќаат се веднаш.

Затоа треба да се давате себе си малку по малку, на тој начин ќе го привлечете и ќе го задржите.

Ако сакате да одиграте мудро и да го “натерате“ лудо да се вљуби во вас треба да се водите според следните совети:

1. Бидете своја

Иако од време на време се трудиме некого да импресионираме сепак постои граница помеѓу лажно претставување и почетно додворување.

Облечете го она што обично го носите за да ви биде удобно. Истакнете ги вашите атрибути, но во облека која е дел од вашиот секојдневен стил. Бидете своја во секоја смисла.

2. “Фатете“ му го погледот

Моментот кога ќе му го фатите погледот е многу важен бидејќи во тој момент можете да му кажете многу без зборови. Ќе му покажете дека ви е интересен, дека сакате да го запознаете, но внимавајте да не бидете нападни.

3. Маѓепсајте го со насмевката

Насмевката е едно од најмоќните оружја и со нејзина помош ќе го растопите и најтврдото машко срце.

4. Бидете директни

Бидејќи немаме можност за читање на туѓи мисли, треба да бидеме директни за да не се изгубиме во комуникацијата.

Тоа не значи дека јавно треба да му изразите љубов, но со помош на гестови и заведување ќе му биде јасно дека сте заинтересирана.

Седнете близу до него и во текот на разговорот нежно допрете го за да му дадете до знаење дека ви се допаѓа.

5. Бидете духовита

Веројатно сте слушнале дека за мажите не постои ништо подобро од девојка која умее да ги насмее. Верувајте ова е исклучително ефикасен начин на заведување и придобивање на неговото внимание.

6. Внимавајте да не влезете во пријателска зона

Многу девојки се обидуваат прво да станат пријателки, а дури потоа љубовници што во теорија звучи добро, но во пракса не е баш така.

Мажот мора да ја види вашата женствена и нежна страна, а не да сте само уште една негова пријателка.

7. Нека има малку мистерија

Стилот на заведување во кој ги откривате сите тајни за себе нема да донесе добри резултати. Во текот на разговорот откријте по некоја занимливост, но не се што ви се случило. Некои работи се исклучиво само за вас.

8. Не форсирајте разговор

Кога разговарате со момче со кое сакате да имате нешто повеќе од само раскажување каде сте биле на летување, обидете се разговорот да го одржите интересен.

Кога ќе снемате теми и ќе се појави онаа непријатна тишина, искористете ја за изговор за да се поздравите.

9. Забавувајте се

Ако сте излезени со група пријатели концентрирајте се на нив наместо константно да го следите со погледот.

Забавувајте се и засмевајте ги другите, на тој начин ќе го натерате да сака да биде дел од вашата група.

10. Немојте да бидете опсесивни

Љубовта е заразна, но не и дозволувајте да ве претвори во опсесивен манијак.

Немојте постојано да му испраќате пораки, да му се јавувате и да се појавувате во секое кафуле каде што се наоѓа. Тоа само ќе го оттргне од вас.

Прегледи:
423
Објавено на:
14.06.2016