Мажите сакаат девојки/жени кои се однесуваат како дами.
Затоа “нападнете“ го со своето непобедливо оружје кое од самото раѓање е во вашите раце, а се што треба е да научите како да го користите.
# Насмевката и погледот…вистинската заводничка секогаш е насмеана. Секако не на цел глас, но благата насмевка и е секогаш на усните.
Со насмевка дебатира, со насмевка прима комплимент, критика…Таа е духовита, опуштена, сака да се шегува на своја сметка. Таа е елоквентна и бистра.
Својата вештина на заведување ја надополнува со долг поглед под веѓите. Кога мажот ќе и го возврати погледот, таа се насмевнува.
Нејзината игра на поглед и насмевка е толку извежбана што не постои маж кој би и одолеал.
# Интелигенција и образование…вистинската дама знае дека изгледот не е се. Таа работи на себе, на своето образование и интелигенција.
На мажите им се допаѓа нејзината остроумност и начин на комуникација.
Таа секогаш се труди да ги прошири своите видици. Неа никогаш нема да ја затекнете неподготвена.
# Култура и став…кога заведува, секогаш е умерена. Воспитувањето и моралните начела не и дозволуваат да биде проста.
Секое движење и е одмерено, а секој збор промислен и поткован со аргументи.
Својот став го брани со искреност и чесност, а не е склона на манипулации.
# Стил и држење…таа е жена која секогаш внимава на својот стил и држење. Неа никогаш нема да ја видите во лошо издание. Јасно и е дека мажот прво го гледа надворешниот изглед, а потоа ставот и карактерот.
Таа е негувана, средена и секогаш убаво мириса.
Рамената и вратот секогаш ги држи исправено и никогаш не гледа надолу.
Така покажува став и сериозност.
Кога мажот гледа дама со стил, чие држење е цврсто и која гледа во очи тој паѓа на колена пред да ја запознае.
Таа е свесна за тоа и тоа ја прави жена која не добива НЕ како одговор.