Модата се враќа а тоа е повеќе од јасно.. Доколку ви недостига инспирација околу вашата летна гардероба а сте на буџет тогаш имаме добри вести за вас, парчињата облека кои ги носеле вашите мајки се огромен тренд ова лето.. Погледнете како да пронајдете инспирација и да ги вметнете во вашиот секојдневен стил и да покорувате каде и да се појавите оваа летна сезона..
Duster наметка
Овој тип на наметка или јакна е тотален хит помеѓу познатите модни трендсетерки, Ким Кардашијан, Криси Тиген и Кендал Џенер го обожаваат овој тренд.. Овoj тренд инспириран од ’20тите ќе ви покаже како да го носите дури и на плажа..
Висок струк
Кога сте во модна неволја тогаш краткиот шорц со висок струк и кроп топот се вистинскиот избор.
Шалвари
Уште еден безвременски тренд кој моментално е голем хит.. Сигурно во плакарот на вашата мајка има барем неколку парчиња шалвари во различни бои и дезени,
комфорот е неизбежен за летните жешки денови..
Ретро бикини
Доколку сте фан на високит струк тогаш бидете ретро заводничка избирајќи костим за капење кој се состои од долен дел со висок струк, а големиот дамски шешир е само плус гламур.
Цветен фустан
Ова парче е безвременско и без разлика на се секогаш можете да изгледате како вистинска дама..
Заврзани краеви
Овој тренд го донесе самата Коко Шанел во раните ’40ти, заврзете ги краевите на кошулата комбинирајќи ја со краток шорц.
Срцевидно деколте
Трендот кој го лансира иконата Софиа Лорен и ден денес е моден култ.
Мачкести очила за сонце и марама
за да изгледате како модна икона баш како Грејс Кели изберете мачкести очила за сонце во комбинација со марама со која ќе ја покриете главата и воедно ќе се заштите од сончевото зрачење.
Сандали на платформа
Сандалите кои беа тотален хит во ’70тите живеат и денес. Комбинирајте ги со фустан со голи рамена.
Костим за капење во месо боја
Блузи со голи рамена
Краток тесен фустан ала Кери Бредшо
Сите ги паметиме нејзите кратки slip фустани, па ова лето и вие блеснете во еден таков модел..