Категории

Ова може да е причината зошто Анџелина е толку слаба!

Некогаш најубавата жена во светот, Анџелина Џоли, шокираше со екстремно слабиот изглед на последните фотографии кои излегоа во јавност.

Странските медиуми пишуваат дека Анџелина и Бред Пит се пред развод, меѓу другото и поради опасните навики кои ги развила актерката. Таа многу ретко јаде, често пие вино и многу пуши.

Извор близок на славниот пар за медиумите раскажа дека Бред пробува да ја убеди својата сопруга да почне поздраво да се храни.

“Актерот е ужаснат од нездравата слабост на Анџелина, која е резултат на нејзината лоша исхрана”, вели изворот.

“Таа едвај јаде по нешто, секоја вечер пие вино и постојано пуши. Бред е исцрпен од трошење на енергија на тоа да ја натера да води повеќе сметка за себе. Тешко му е да ја гледа жената која ја сака како пропаѓа”, додава тој.

Нејзиниот изглед, поточно нејзината слабост, веќе некое време е предмет на интересирање на јавноста, а актерката претходно (во 2014) изјави дека се придржува на многу строг режим на исхрана – јаде супа и житарици, оброк од мешавина од квиноја и чија семки, и неколку бадеми.

Прегледи:
360
Објавено на:
17.06.2016