Категории

Како се допишуваат хороскопските знаци? Близнаци ве бомбардираат со пораки, а Девиците бараат грешка

Секој знак има свој стил на допишување.

Овен

Личностите родени во знак на Овен сакаат да се допишуваат  и често прават групни четови во кои се допишуваат со повеќе луѓе одеднаш.

Бик

Биковите се секогаш кратки, јасни и конкретни. Не пишуваат опширни пораки, но сакаат да им се јавуваат на  блиските луѓе и да ги информираат за се што прават но и за што размислуваат во одреден момент.

Близнаци

Близнаците сакаат да бидат во контакт со сите. Многу време поминуваат на телефон и социјалните мрежи.

Рак

За Раковите допишувањето е премногу заморно и бавно одговараат на пораките.

Лав

Лавовите се како Биковите, кратки и  јасни. Во нивните пораки секогаш може да прочитате покана за акција, па затоа луѓето и го сакаат – затоа што секогаш е подготвен.

Девица

Девиците се  перфекционисти, како во животот, така и со пораките. Ако ви се допаѓа личност родена во знакот Девица, за време на допишување  задолжително проверете да не сте заборавиле некоја запирка, а доколку пак случајно ви се испушти некоја граматичка грешка, не губете време, веројатно  веќе ве отпишала.

Вага

Вагите се опуштени и сакаат слободното време да го поминуваат допишувајќи се или сурфајќи на интернет преку телефонот. Ако сакате да заведете Вага, напишете и нешто оригинално.

Шкорпија

Често прават групни четови. Освен тоа, досадно и е поединечно да одговора, па на сите им праќа иста порака.

Стрелец

Стрелците се опсежни во своите излагања, па долгите пораки не се реткост за нив. За него една порака конвертирана во ММС поради должината не е ништо страшно, а ниту повиците во роаминг и големи сметки за телефон.

Јарец

Преку пораки тие може да се релаксираат, па кога се допишуваат ја покажуваат својата забавна страна. Одговорите му се брзи и јасни.

Водолија

Припадниците на овој знак ги  нервира  да  одговараат  на пораките. Иако сигурно ќе ви одговори, тоа ќе биде со големо задоцнување. Тие уживаат некој да ги чека.

Риби

Рибите се всушност личности кои забораваат за што сте се допишувале. Не очекувајте тие први да ви се јават.

Извор : model.mk

Прегледи:
392
Објавено на:
24.06.2016