Сигурно сте слушнале за Санторини, еден од најубавите грчки острови, кој се наоѓа во јужниот дел на Егејското море.
Зафаќа површина од 75 километри квадратни, има околу 14 000 жители, а во најужниот дел е широк 1,5 километри. Главен град е Тира, а на крајот на јули, почеток на август температурата достигнува до 43 степени, а остатокот од летото е околу 36 степени. Името го има добиено по светата Ирина, која инаку е заштитничка на паровите.
Денес Санторини е една од најпопуларните туристички дестинации, која годишно ја посетуваат околу 2 милиони туристи, што е 10% од вкупниот број на туристи кои ја посетуваат Грција. Исто така, Санторини е познат меѓу младите како место каде ја имаат приликата да си го кажат “судбоносното да” во поглед кој го одзема здивот. Островот често е посетуван и од славните личности и блогерите, кои обожаваат да објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
И оваа година, Санторини е прогласен за една од најпопуларните летни дестинации. Тоа воопшто нема да ве зачуди кога ќе ги погледнете прекрасните фотографии од белите куќички, вратите и прозорците по кои Санторини е познат.