Категории

Зошто не треба бабите да се мешаат во воспитувањето на децата?!

Фразата „Многу баби – капризно дете“ е сосема точна. Кога например бабите се мешаат во воспитувањето на внучето, обично следат конфликти со мајката, а детето во меѓувреме се разгалува. До што уште води мешањето на бабите во воспитувањето на детето?

Бабата треба да помага без да се меша во воспитувањето. Бабата смета дека има поголемо искуство и треба да диригира оркестар, при што во истото време ги критикува методите на мајката. Но вистинската улога на бабата е сосема друга. Поминало времето кога била мајка и сега треба да се научи само да помага, без да се меша во начинот на одгледување на внучето, да слуша, да ги исполнува и следи плановите и упатствата на мајката во случаите кога детето ќе и биде оставено да го чува.

Различните методи на бабата и мајката и конфликтот измеѓу обично води до одгледување на размазено и капризно дете. Ете зошто е важно главната улога во воспитувањето и одгледувањето на детето да припаѓа на родителите, а роднините да бидат само „помошни тркалца“.

Проблем создава и претераната љубов и попусливост кон внучето и желбата на бабата да му угоди. Така детето учи дека бабата е добрата, а мама е лошата, која кара, забранува и воспитува.

Тоа предизвикува љубомора кај мајката макар што нема реална причина за тоа. Детето не ве сака помалку затоа што се обидувате да го воспитате, благодарноста кон вас за трудот и љубовта ќе ги добиете некогаш покасно во времето.

Затоа мајки еве што треба да сторите: добро е претходно да ги изјасните своите ставови и методи на воспитување, да поставите некакви граници и секој да си го знае своето место.

Прегледи:
534
Објавено на:
28.06.2016