Категории

Сакате нежни и заводливи усни? Еве како!

lip_balm

Исто како и зимата, и топлото време им штети и на вашите усни – тие се сушат како последица на топлиот воздух. Особено сега кога температурите и УВ индексот се високи, сонцето ја суши вашата кожа, а со тоа и нежната и осетлива кожа на усните. Меѓутоа, постои начин да имате заводливи и меки усни во секое годишно време. Всушност, испуканите усни се еден од најлесно решливите проблеми кои се поврзани со убавината и негата на телото.

Не дишете на уста

Не само што оваа навика не е убава на долг план за организмот, туку и како последица ќе имате испукани усни. Исто така, и балсамот за усните ќе има многу пократко дејство поради топлиот воздух кој го испуштате при дишењето.

Избегнувајте ги долготрајните кармини

Ова најмногу се однесува на долготрајниот тип течни кармини, кои во себе содржат алкохол. Токму оваа состојка е виновникот кој најмногу ја суши кожата, па и усните.

Водата нема да ви помогне

Спротивно на познатите мислења, количината на вода која ја пиете во текот на денот нема никакво влијание на испуканите усни. Всушност, за усните да ви се исушат поради недостаток на течност, не треба да пиете ништо со денови.

97c81c292015447c84612fc3fcc0e2ad

Не лижете ги усните

Дерматолозите се согласуваат дека испуканите усни се најчесто резултат на нивното лижење и грицкање. Секако, во прашање е еден круг од кој не може лесно да излезе. Имено, плунката ги суши вашите усни, зголемувајќи ја потребата повторно да ги навлажните, па затоа и ако еднаш почнете, нема да можете да престанете.

Балсам после секој оброк

После секое јадење и пиење, нанесете балсам за усни. Водата која се внесува при храната и пијалаците може дополнително да ги исуши усните, па затоа балсамот е добро решените за нивното моментно лекување.

Користете хидратантни препарати

Основната карактеристика која треба да ја има вашиот балсам за усни е хидратантност. Независно дали е во прашање гроздова маст или некој декоративен балсам, важно е да не содржи ментол или камфор, бидејќи овие состојки можат да предизвикаат непријатно печење на усните кои се веќе испукани.

 

 0-6-nachini-da-gi-izlechite-ispukanite-usni-kafepauza.mkk_
Прегледи:
645
Објавено на:
28.06.2016