Дали некогаш сте се запрашале зошто копчињата на женската облека се наоѓаат од левата страна, а на машката од десната страна?
Одговорот на ова прашање навистина ќе ве изненади.
Не е можно со сигурност да се утврди кога и зошто дошло до тоа машката и женската облека да се закопчува на различна страна.
Постојат различни теории за тоа како започнала приказната, а ова се некои од најверодостојните.
Според најраспространета теорија, сето тоа започнало уште во 19-тиот век, кога жените од високите кругови имале помошници при облекувањето, па фустаните шиени за нив имале копчиња од левата страна, како нивните слугинки би можеле полесно да ги закопчаат со својата десна рака. Подоцна, ова било прифатено како вообичаен тренд.
Но, оваа теорија има свои недостатоци. Првиот недостаток е тоа дека многу жени и немале вакви помошнички кои би им помагале при облекувањето, меѓутоа, тоа може да се објасни со фактот дека жените од високата класа биле трендсетерки, па останатите дами ја следеле таа мода без оглед на фактот дека за нив тоа било помалку практично.
Но, и мажите кои ѝ припаѓале на високата класа тогаш имале помошници кои им ги закопчувале уште побројните копчиња на костумите, но сепак копчињата останале на десната страна.
Уште еден недостаток на оваа теорија се однесува на прашањето зошто ова не се случило и порано, бидејќи тоа било пракса и во целиот 18-ти век, а повторно промената на страната на која се наоѓале копчињата не се случила сè до првата половина на 19-тиот век, за во втората половина веќе да стане стандард.