Доколку ви се допаѓаше трендот со ланчињата „чокер“, тогаш оваа вест без сомнение целосно ќе ве воодушеви! Станува збор за варијација на „чокерите“, но на начин на кој многу повеќе ќе ви се допадне. Овие модели се врзани на вратот, во панделка и пуштени слободно да паѓаат надолу.
Исто така, можете да ги носите и во комбинација со долги ланчиња од сосема поразличен материјал. Најдобро од сѐ е тоа што за овој изглед ви е потребна една подолга врвка која ќе ја наместите околу вратот и заврзете во лежерна панделка. Врвката би требало да биде тенка, а доколку е од кожа, тоа ќе биде полн погодок.
Ова ланче воведува комбинација на бохо и рок изгледот. Кога се боите во прашање, црната е секогаш добар избор, но нема да погрешите ниту со пастелните нијанси. Сѐ зависи од облеката, каде што имате голем избор. Ланчето можете да го носите со фустани, кошули, блузи, маици, и да, веруваме дека многу ќе го засакате, бидејќи одговара со сѐ!