Оваа е навистина неверојатна приказна која дефинитивно ќе ве воодушеви.
Жоао Переира, 71 годишен старец кој живеел во цело близу Рио де Жанеиро, додека шетал по плажите, открил и спасил речиси мртов пингвин кој бил покриен со нафта.
Благодарение на Жоао, малиот пингвин бил спасен, тој го земал со себе и се грижел за животното како да е негово дете.
Неколку недели биле потребни за да се опорави пингвинот и за да си го врати нормалниот живот.
Откако веќе бил потполно заздравен, пингвинот Диндим и Жоао се разделиле на истата плажа каде и што се сретнале.
Жоао не очекувал дека неговото пријателче ќе доаѓа секоја година на истото место за да го посети.
„Никој друг не го допира кога ќе преплива и ќе стигне на оваа плажа. Сака да седи само во мене, во мојот скут, ми дозволува да го нахранам, да го избањам. Секоја година обично пристигнува во јуни, а си заминува дома некаде дури во февруари. Она што можам да го забелеам е дека тој секоја година е се посреќен.“